2-4Безбедносни информации

ВНИМАНИЕ

Пред употреба

Вметнете ја кантичката за прав пред да започнете со употреба на POWERbot.

Внимавајте на следните работи за правилно автоматско полнење.

––Секогаш вклучувајте го напојувањето на приклучната станица.

––Инсталирајте ја приклучната станица на место каде што POWERbot може лесно да пристапи до неа.

––Не оставајте никаков предмет пред приклучната станица.

При инсталирање на приклучната станица, не оставајте го кабелот на подот бидејќи POWERbot може да се заплетка.

Не употребувајте го POWERbot на подови со црна боја.

––POWERbot може да не функционира правилно.

Не подигнувајте го POWERbot за држачот на кантичката за прав.

Немојте да поставувате никакви предмети на 0,5 m од двете страни, ниту пак на 1 m од предната страна на приклучната станица.

Проверете дали контактот за полнење на приклучната станица е оштетен и дали има некакви надворешни честички врз него.

Не ја поставувајте приклучната станица во просторија со темен под.

––Доколку подот околу приклучната станица е темен, полнењето ќе биде попречено.

Тргнете ги сите пречки кои можат да му попречат на движењето на POWERbot (како лулашки за деца или лизгалици) пред чистењето.

При употреба

Користењето на POWERbot на дебел килим може да доведе до оштетување на POWERbot и на килимот.

––POWERbot не може да помине преку килим кој е подебел од 1 cm.

Немојте да го користите POWERbot на маси или на други високи површини.

––Постои ризик од оштетување ако падне.

POWERbot може да се удри во столче или во ногарки од маса, така што се препорачува да ги тргнете за побрзо и поефикасно чистење.

Кога POWERbot работи, немојте да го подигнувате или да го носите во друга просторија.

Немојте да го држите POWERbot за тркалата за придвижување кога го пренесувате во друга просторија.

Немојте да поставувате никакви предмети врз POWERbot бидејќи тоа може да предизвика дефект.

Отстранете какви било поголеми хартии или пластични ќеси од подот пред да го користите POWERbot бидејќи тие можат да го блокираат вшмукувањето.

Немојте да ја насочувате црвената светилка директно во луѓе или животни.

Чистење и одржување

Придржувајте се до следните упатства за да спречите оштетување на POWERbot.

––Немојте да го чистите POWERbot прскајќи го директно со вода или да користите бензин, разредувач, ацетон или алкохол при чистењето.

POWERbot не треба да се расклопува или модифицира. Ова треба да го врши само овластен мајстор.

Одржувајте ги чисти сензорите за пречки и дупки.

––Доколку се насоберат надворешни честички, сензорите може да не функционираат правилно.

Македонски-6

4_SR9000_Q_guide_MK_00750A-00_GE.indd 6

2016-02-16 오후 5:30:18

Page 42
Image 42
Samsung VR20J9040WG/GE 4Безбедносни информации, Не употребувајте го POWERbot на подови со црна боја, Чистење и одржување