Пред да започнете
Почетни поставувања
Активирање на калибрација (се препорачува)
Опцијата Calibration (Калибрација) овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Calibration (Калибрација).
1.Исклучете ја и потоа вклучете ја машината за перење.
2.Држете ги притиснати копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) истовремено во времетраење од 3 секунди за да го активирате режимот на калибрација. Се прикажува пораката„CB“.
3.Притиснете на Активирање/Пауза за да го активирате циклусот на калибрација.
4.Барабанот ќе се врти надесно и налево во период од приближно 3 минути.
5.Кога ќе заврши циклусот, на екранот се прикажува„0“ и машината за перење алишта автоматски се исклучува.
6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.
Инструкции за перење
ЧЕКОР 1 - Сортирајте
Сортирајте ги алиштата за перење според овие критериуми:
•Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.
•Големина: Со мешање на алишта со различна големина во барабанот се подобрува ефикасноста на перењето.
•Чувствителност: Перете ги деликатните работи одделно, употребувајќи ја опцијата Лесно пеглање за нови предмети од чиста волна, завеси и свилени предмети. Проверете ги етикетите на предметите.
ЗАБЕЛЕШКА
Задолжително проверете ја етикетата за чување на алиштата, а потоа сортирајте ги соодветно пред да започнете со перење.
започнете да Пред
Македонски 25
|
|
|
|
WD90K6400OW_03745R_MK.indd 25 | 2016/9/13 11:10:36 | ||
|
|
|
|