Oперации

Oперации

Специјални функции

AddWash

Кога индикаторот AddWash е вклучен, можете да ја запрете работата на машината и да додадете алишта или омекнувач во барабанот. Вратата Add Door се отвора под агол поголем од 130° за лесен пристап.

1. Притиснете го копчето Активирање/Пауза за да ја запрете операцијата.

2. Притискајте врз горната површина на вратата Add Door сè додека не слушнете звук на „кликнување“ за да ја отклучите. Повлечете ја рачката на Add Door за да ја отворите.

3. Отворете ја вратата Add Door и додадете алишта или омекнувач во барабанот.

4. Притискајте врз Add Door сè додека не слушнете звук на„кликнување“ за да ја затворите.

5. Притиснете Активирање/Пауза за да продолжите со перењето.

ВНИМАНИЕ

Не употребувајте преголема сила врз Add Door. Може да се скрши.

ЗАБЕЛЕШКА

Водата во барабанот нема да протече ако вратата Add Door е правилно затворена. Околу вратата може да се формираат капки вода, но тие нема да истечат од внатрешноста на барабанот.

38  Македонски

 

 

 

 

WD90K6400OW_03745R_MK.indd 38

2016/9/13 11:10:41