ВНИМАНИЕ

Не отворајте ја Add Door доколку во барабанот има пена која го надминува нивото на висината на Add Door.

Не обидувајте се да ја отворите вратата Add Door додека работи машината, без претходно да притиснете на копчето Активирање/Пауза. Ве молиме имајте предвид дека вратата Add Door може да се отвори ненамерно (без да притиснете Активирање/Пауза) кога ќе заврши перењето.

Не ставајте премногу алишта преку Add Door. Перформансите можат да се намалат.

Не користете ја долната површина на Add Door како рачка. Можно е да ги приклештите прстите.

Внимавајте алиштата да не се заглават во Add Door.

Не дозволувајте им на домашните миленичиња да се доближуваат до машината за перење, особено до Add Door.

Ако перете со топла вода, можно е да добиете впечаток дека водата протекува од Add Door при отворање или затворање на Add Door. Тоа е нормално, бидејќи пареата што излегува преку отворената Add Door се оладила и формирала капки вода на површината.

Кога ќе ја затворите вратата Add Door, таа се прилепува и не дозволува протекување на водата. Но, околу вратата може да забележите нешто што изгледа како протекување на вода - некое мало количество вода што се задржало околу вратата Add Door може да формира капки вода. Ова е нормално.

Ниту главната врата ниту Add Door може да се отворат кога температурата на водата надминува 50 ˚C. Ако нивото на водата во барабанот надминува одредена точка, главната врата не може да се отвори.

Ако на екранот се прикаже информативниот код DDC, погледнете го делот “Информативни кодови” за да дознаете што треба да преземете понатаму.

Oперации

Македонски  39

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿