Oперации

Поставувања

Oперации

Заклучување за деца

За да се спречат незгоди со деца, со Заклучување за деца се заклучуваат сите копчиња освен копчето за напојување.

За да ја нагодите функцијата Заклучување за деца, истовремено задржете ги Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во траење од 3 секунди. За да ја активирате, притиснете на Активирање/Пауза .

Пред да притиснете на Активирање/Пауза , може да ја отворите вратата или да ги промените нагодувањата со притискање на соодветните копчиња. Откако ќе притиснете на Активирање/Пауза за да ја вклучите машината, функцијата Заклучување за деца повторно ќе биде активирана.

За да ја деактивирате функцијата Заклучување за деца привремено

Отворете ја вратата и истовремено задржете на Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во траење од 3 секунди. Функцијата Заклучување за деца ќе се деактивира привремено за 1 минута, а индикаторот ќе почне да трепка. Додајте алишта, на пример, а потоа затворете ја вратата во текот на следните 2 минути. Во спротивно, машината ќе активира звучно предупредување за дополнителни 2 минути. Штом ја затворите вратата, функцијата Заклучување за деца ќе се активира повторно и индикаторот ќе се вклучи.

ЗАБЕЛЕШКА

Во состојбата Заклучување за деца, мора првин да ја деактивирате функцијата Заклучување за деца ако сакате да додадете детергент или алишта или да ги промените тековните нагодувања.

За да ја откажете функцијата Заклучување за деца

Истовремено притиснете и задржете на Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во траење од 6 секунди. Алтернативно, кога привремено ќе ја деактивирате функцијата Заклучување за деца истовремено притиснете и задржете на Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во траење од 3 секунди.

Исклучи/вклучи звук

Може да го вклучите или да го исклучите копчето. Нагодувањето ќе остане активно и откако ќе ја рестартирате машината.

За да го мутирате звукот, држете ги притиснати копчињата Rinse (Плакнење) и Spin (центрифуга) истовремено во времетраење од 3 секунди.

За да го вклучите звукот, повторно држете ги притиснати во времетраење од 3 секунди.

40  Македонски

 

 

 

 

WD90K6400OW_03745R_MK.indd 40

2016/9/13 11:10:42