Samsung WF8804CPG/YLE Карактеристики на вашата нова samsung машина за перење, Сертификат за волна

Models: WF8804CPG/YLE

1 218
Download 218 pages 30.13 Kb
Page 110
Image 110

карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што размислувате за перењето. Почнувајќи од големиот капацитет па сè до енергетската ефикасност, Samsung машината за перење располага со сите особини кои ќе ви помогнат здодевната обврска да ја претворите во вистинско задоволство.

Перење со сребрени честички - систем за здравје со перење

со сребрени честички (одредени модели)

Комбинација со која со сигурност добивате! Технологијата на сребро од Samsung нуди комбинација на ефектот на дезинфекција на среброто и врвната наука за постигнување на неверојатна чистота. Две плочки од чисто сребро се претворуваат во сребрени јони преку електролиза. Дури и во ладна вода без варикина, сребрените честички го отстрануваат мирисот кој го создаваат бактериите за “супер чисто” перење. Така, перењето во ладна вода е енергетски ефикасно и подобро за вашите алишта.

Систем за грижа за бебиња

Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна заштита на облеката за деца со чувствителна кожа.

Со овие програми се намалува воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент. Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што децата ќе се чувствуваат свежо и чисто при секое облекување на нивните алишта.

Функција за заклучување за деца

Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од машината за перење.

Оваа безбедносна функција ги спречува децата да си играат со машината за перење при нејзината работа и ве известува кога е активирана.

Сертификат за волна

Оваа машина за перење е тестирана и ги исполни потребните спецификации на компанијата Woolmark во однос на производите од волна кои можат да се перат во машина.

Алиштата треба да се перат во согласност со инструкциите на ознаката и според препораките на Woolmark и Samsung.

Одложено завршување

Одложете го циклусот до 19 часа со чекор од по еден час и зголемете ја практичноста на користењето на машината особено во ситуации кога мора да излезете.

2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

WF8804CP-02552Y_MK.indd 2

2008-04-22 ¿ÀÈÄ 5:10:56

Page 110
Image 110
Samsung WF8804CPG/YLE manual Карактеристики на вашата нова samsung машина за перење, Систем за грижа за бебиња