безбедносни информации

Апаратот е наменет само за домашна употреба.

Проверете дали приклучоците за вода и струја се поставени од страна на

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ квалификувано лице, во согласност со инструкциите на производителот (погледнете “Инсталирање на машината за перење”) и локалните безбедносни прописи.

При чистење и одржување, исклучете го апаратот од електричниот приклучок.

По употребата секогаш исклучете ја машината од напојувањето и затворете ја водата.

Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.

Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.

Никогаш не дозволувајте куќни миленичиња и деца да си играат на или во машината. Може да дојде до повреда или задушување.

Стаклената врата се загрева при процесот на перење. Никогаш не допирајте ја стаклената врата за време на перењето.

Не обидувајте се сами да ја поправате машината. Поправката извршена од страна на неискусни и неквалификувани лица може да доведе до сериозни повреди и/или поголеми оштетувања на уредот.

Ако приклучокот или кабелот за струја се оштетени, тие мора да се заменат од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.

Овој уред треба да биде сервисиран исклучиво од страна на наш овластен сервис, при што треба да се употребуваат само соодветни резервни делови.

Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат на или во машината.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Машината за перење не може да се отвори лесно одвнатре и децата можат сериозно да се повредат доколку се заглават во внатрешноста.

Уредот не треба да го употребуваат мали деца и болни луѓе освен во случај кога тие се под надзор на други лица кои гарантираат за нивната безбедност.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

За безбедно користење на уредот, корисникот треба да се запознае со упатствата за употреба и секогаш да биде особено внимателен при користењето.

Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод.

Не употребувајте вода која содржи масло, крем или лосион, која може да се најде во продавниците за нега на тело и салоните за масажа.

Во спротивно уредот може да се деформира и да не работи исправно или да дојде до истекување на вода.

6_ безбедносни информации

WF8804CP-02552Y_MK.indd 6

2008-04-22 ¿ÀÈÄ 5:11:00

Page 114
Image 114
Samsung WF8804CPG/YLE manual Безбедносни информации