перење на алишта

Ставете ги градниците (оние кои се перат) во мрежата за перење (се купува дополнително).

Металните делови од градниците може да го пробијат

материјалот и да ја оштетет машината. Затоа овој тип на облека ставете го во мрежа за перење.

Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕТЕРГЕНТИ И АДИТИВИ

Кој детергент да го користите

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување.

Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се задржи и по циклучот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на машината или блокирање на истекот за претекување.

Фиока за детергент

Машината за перење има одделни прегради за детергент и омекнувач. Додадете ги сите адитиви за перење во соодветните прегради пред вклучувањето на машината за перење.

НЕМОЈТЕ да ја отворате фиоката за детергент додека работи машината.

1.Извлечете ја фиоката за детергент на левата страна од контролната плоча.

2.Додадете ја препорачаната количина на детергент директно во преградата за детергент пред

вклучувањето на машината за перење.

3.Додадете ја препорачаната количина на омекнувач во

преградата за омекнувач доколку е потребно.

4. При користење на опцијата Prewash (предперење), додадете ја препорачаната количина на детергент во преградата за предперење .

При перење на големи работи, НЕМОЈТЕ да ги користете следните типови на детергент.

Детергенти од тип на таблети и капсули

Детергенти кои користат топка и мрежа

Концентрираните или густите омекнувачи треба да се разредат со малку вода пред да се стават во преградата (на овој начин се оневозможува блокирање на одводот).

МАКС

26_ washing a load of laundry

WF8804CP-02552Y_MK.indd 26

2008-04-22 ¿ÀÈÄ 5:11:30

Page 134
Image 134
Samsung WF8804CPG/YLE manual Информации ЗА Детергенти И Адитиви, Кој детергент да го користите, Фиока за детергент