
НАПАТСТВИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ
Следете ги овие едноставни напатствија за извонредно чисти алишта и најефикасно перење. Секогаш проверете ја ознаката за грижа за облеката пред перењето.
Сортирајте и перете ги вашите алишта во согласност со следните критериуми:
•Ознака за грижа: Сортирајте памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•Боја: Одделете го белото од обоеното. Новите, обоени алишта перете ги одделно.
•Големина: Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на перењето.
•Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно, со употреба на програмот за перење на деликатни работи. Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или раководете се според табелата во додатокот.
Празнење на џебовите
Пред секое перење, испразнете ги сите џебови на облеката. Малите и предметите со неправилен облик како парички, ножеви, игли и спојувалки за хартија, можат да ја оштетат машината за перење. Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални премети.
Металот на облеката може да ја оштети вашата облека како и барабанот. Пред перењето превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез. Доколку патентите на панталоните и јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да се затворат и да се обложат со лента пред перењето.
Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта и да дојде до нивно оштетување. Пред перењето треба да го ограничите движењето на лентите.
Предперење на памук
Вашата нова машина, во комбинација со современите детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, заштедувајќи енергија, време, вода и детергент. Сепак, доколку вашите памучни алишта се многу валкани, користете предперење со детергент на база на протеини.
Одредување на капацитетот на полнење
Не преполнувајте ја машината бидејќи вашите алишта можеби нема да се исперат добро. Користете ја оваа табела за да ја одредите количината на облеката за перење во зависност од нејзиниот вид.
Вид на ткаенина |
| Капацитет | |
|
|
|
|
| WF8804/ |
| WF8704/ |
Модел | WF8802/ |
| WF8702/ |
| WF8800 |
| WF8700 |
|
|
|
|
Cotton (памук) |
|
|
|
- средно/малку валкано | 8,0 kg |
| 7,0 kg |
- многу валкано |
|
|
|
|
|
|
|
Synthetics (синтетика) | 3,0 kg |
| 3,0 kg |
|
|
|
|
Denim (тексас) | 3,0 kg |
| 3,0 kg |
|
|
|
|
Sports Wear (спортска облека) | 2,5 kg |
| 2,5 kg |
|
|
|
|
Delicates (деликатни алишта) | 2,5 kg |
| 2,5 kg |
|
|
|
|
Wool (волна) | 2,0 kg |
| 2,0 kg |
|
|
|
|
• Доколку облеката не е избалансирана (“UE” засветува на екранот), прераспределете ги алиштата.
Ако алиштата не се рамномерно распоредени, ефикасноста на центрифугирање може да се намали.
•При перење на постелнина или јоргани, времето за перење може да се продолжи или ефикасноста на центрифугирање може да се намали.
•За постелнина или јоргани, препорачаниот капацитет на полнење е 1,8 kg или помалку.
washing a load of laundry _25
02 ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА