За да го намалите ризикот од пожар или експлозија:
ВНИМАНИЕ • Немојте да перете облека која била измиена, накисната или третирана со бензин, средства за суво чистење или други запаливи или експлозивни супстанци. Тие испуштаат пареа која може да се запали и да експлодира. Рачно исплакнете ги сите материјали кои биле во допир со растворувачи за чистење или други запаливи течни или цврсти средства, пред да ги ставите во машината за перење. Отстранете ги сите траги од таквите средства во облик на течност, цврста форма или пареа. Во опасните супстанци спаѓаат ацетон, денатурализиран алкохол, бензин, керозин, одредени течни средства за чистење и отстранувачи на дамки, терпентин, восок и отстранувачи на восок.
•Во машината за перење немојте да ставате бензин, средства за суво чистење или други запаливи или експлозивни супстанци.
•Под одредени услови, хидрогенскиот гас може да се создаде во системи со жешка
Доколку има испуштање на гас веднаш проветрете ја просторијата без допирање на приклучокот за напојување.
Откачете го кабелот за напојување пред поправањето на вашата машина.
Пред секое перење, испразнете ги џебовите на вашите алишта. Малите и предметите со неправилен облик како парички, ножеви, игли и спојувалки за хартија, можат да ја оштетат машината за перење. Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални премети.
Не отворајте ја вратата од машината за перење ако сè уште можете да видите вода. Пред да ја отворите вратата од уредот, проверете дали водата е истечена.
Немојте да вршите поправка или замена на кој било дел од машината за перење освен ако целосно не ги разбирате упатствата за поправка од страна на корисникот
ине ги поседувате потребните вештини за нивно извршување. Интервенцијата на неовластено лице може да доведе до престанување на важноста на гаранцијата.
За поврзување на машината за перење со славините за вода употребувајте нови црева. Немојте повторно да ги користите старите црева.
Цревата за довод на вода со тек на времето го губат квалитетот. Периодично проверувајте ги цревата од набабрувања, засукувања, исекотини, амортизираност и протекување, и заменете ги по потреба и барем секои пет години.
Амбалажата може да биде опасна за деца; чувајте ја амбалажата (пластични кеси, стиропор и сл.) подалеку од дофат на децата.
Целата амбалажа и транспортните чепови мора да се отстранат пред употребата на машината. Доколку тие не бидат отстранети може да настанат сериозни оштетувања. Погледнете “Отстранување на транспортните чепови”.
Пред првото перење на алишта, мора да го поминете целиот процес на перење без алишта.
Погледнете “При првото перење”.