
безбедносни информации
Во рамките на ова упатство ќе видите забелешки за предупредување
ивнимание . Овие забелешки за предупредување, внимание и важните мерки за безбедност не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на машината за перење.
Samsung не признава никаква одговорност за оштетувањата кои ќе настанат заради неправилна употреба.
ВАЖНИ СИМБОЛИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | сериозни повреди или смрт. | |
|
| |
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали | |
ВНИМАНИЕ | повреди или оштетување на околината . | |
| ||
|
| |
| За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен | |
ВНИМАНИЕ | удар и други повреди при употребата на машината, | |
придржувајте се кон следните мерки на претпазливост: | ||
| ||
|
|
НЕ обидувајте се.
НЕ расклопувајте.
НЕ допирајте.
Експлицитно следете ги упатствата.
Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.
Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на електричен удар.
Повикајте го сервисниот центар за помош.
Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица. Ве молиме следете ги експлицитно.
Откако ќе го прочитате овој дел, чувајте го на безбедно место за користење во иднина.
Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите апаратот.
Како и кај сите уреди кои содржат електрични и подвижни делови, постојат одредени потенцијални опасности. За безбедно користење на уредот, запознајте се со начинот на функционирање и бидете внимателни при неговото користење.
Инсталирајте и чувајте ја вашата машина за перење во внатрешна просторија, без допир со надворешните временски услови.
Инсталирајте и порамнете ја машината за перење на под кој може да ја издржи нејзината тежина.
Вашата машина за перење мора да биде исправно заземјена. Никогаш немојте да ја приклучувате на незаземјен штекер.