Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар.
Не употребувајте завртки со поголема должина од стандардната или завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
•За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.
•Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
•Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
•Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
•За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни две лица.
Подредување на каблите
При монтирање на држачот
При монтирање на комплетот со ѕиден носач
M4xL12
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание од најмалку 10 см помеѓу телевизорот и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата, итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.
Инсталација со држач
| 10 cm |
|
10 cm | 10 cm | 10 cm |
IИнсталација со ѕиден носач
10 cm
10 cm
10 cm