1. Manuals
  2. Brands
  3. TV and Video
  4. Televisions
  5. Samsung
  6. TV and Video
  7. Televisions

Samsung UE40M5002AK UE40M5002AKXXH, UE49M5002AKXXH Квалитет на сликата, MENU, Поддршка, Тест на слика, Самодијагноза, Тест на слика, Боите се погрешни или недостасуваат

1 328 329 330 331 332 333 334 335 336 337 338 339 340 341 342 343 344 345 346 347 348 349 350 351 352 353 354 355 356 357 358 359 360 361 362 363 364 365 366 367 368 369 484
Download on canonical page 484 pages, 0 b

08Решавање на проблеми и одржување

Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.com”, а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.

Квалитет на сликата

•• Пред сè, направете Тест на слика за да потврдите дека вашиот телевизор правилно ја прикажува тест- сликата. (одете во MENU - Поддршка - Самодијагноза - Тест на слика) Ако тест-сликата правилно се прикажува, причината за лоша слика може да биде изворот или сигналот.

Сликата на телевизорот не изгледа толку добро како во продавницата.

•• Ако имате аналоген кабелски/set top box приемник, надградете го со дигитален set top box приемник. Користете HDMI или компонентни кабли за да добиете HD (висока резолуција) квалитет на сликата.

•• Кабелски/сателитски претплатници: Испробајте ги дигиталните станици од понудениот список на канали.

•• Поврзување со антена: Испробајте ги HD станиците откако ќе извршите автоматско пребарување на канали.

•• Многу HD канали имаат зголемена резолуција во однос на SD (стандардна резолуција) содржините.

•• Поставете ја резолуцијата на излезниот видео сигнал од кабелскиот/Set top box приемник на 1080i или 720p.

•• Проверете дали го гледате телевизорот од минималната препорачана оддалеченост, земајќи ги предвид големината и резолуцијата на сигналот.

Сликата е изобличена: грешка во макро блок, мал блок, точки, пикселизација.

•• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено кај слики со брзи движења како во спортот или динамичните филмови.

•• Ниското ниво на сигнал или лошиот квалитет може да предизвикаат изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.

•• Користењето на мобилни телефони во близина на телевизорот (приближно до 1m) може да предизвика шум на сликата кај аналогната и дигиталната телевизија.

Боите се погрешни или недостасуваат.

•• Ако користите компонентна врска, проверете дали компонентните кабли се поврзани на соодветните приклучоци. Несоодветното или лабаво поврзување може да предизвика проблеми со боите или празен екран.

Македонски - 18

MENU

Models

Contents