05Менување на изворот на влезниот сигнал Извор

Извор

Користете го за избирање на телевизорот или други надворешни влезни извори како DVD / Blu-ray плеер / кабелски приемник / STB сателитски приемник кои се поврзани на телевизорот.

1.Притиснете го копчето SOURCE на далечинскиот управувач.

2.Изберете го саканиот надворешен влезен извор.

Како да ја користите функцијата Уреди име

Во Извор, притиснете го копчето TOOLS и потоа ќе можете да ги поставите саканите имиња за надворешните извори на влезен сигнал.

•• При поврзување со компјутер преку приклучокот HDMI IN 2(DVI) со помош на кабел HDMI, треба да го поставите телевизорот во режимот PC во функцијата Уреди име.

•• При поврзување со компјутер преку приклучокот HDMI IN 2(DVI) со помош на кабел HDMI кон DVI, треба да го поставите телевизорот во режимот DVI PC во функцијата Уреди име.

•• При поврзување на AV-уреди преку приклучокот HDMI IN 2(DVI) со помош на кабел HDMI кон DVI, треба да го поставите телевизорот во режимот DVI уреди во функцијата Уреди име.

Информации

Можете да ги видите деталните информации за поврзаниот надворешен уред.

Македонски - 14