Друго

Сликата не може да се прикаже на цел екран.

•• HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3) содржини.

•• При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и долниот раб ќе се прикажат црни ленти.

•• Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.

Далечинскиот управувач не функционира.

•• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).

•• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.

•• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5-1,8 m.

Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.

•• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set top box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Ќе се појави пораката “Режимот не се поддржува”.

•• Проверете ја поддржаната резолуција на телевизорот и соодветно поставете ја излезната резолуција на надворешниот уред.

Од телевизорот излегува мирис на пластика.•• Оваа миризба е нормална и ќе исчезне со тек на време.

Функцијата Информации за сигналот на телевизорот не е достапна во менито за тестирање Самодијагноза.

•• Оваа функција е достапна само за дигитални канали од антенска / RF / коаксијална врска.

Телевизорот е закосен на десната или левата страна.•• Отстранете ја подлогата со основа од телевизорот и повторно составете ја.Потешкотии при составување на основата на подлогата.

•• Проверете дали телевизорот е поставен на рамна површина. Ако не можете да ги отстраните завртките од телевизорот, користете магнетизиран одвртувач.

Менито Емитување е во сива боја (недостапно).

•• Менито на функцијата Емитување е достапно само кога ќе изберете извор на телевизорот.

Македонски

Македонски - 21