Нема слика, нема видео сигнал

Телевизорот не сака да се вклучи.

•• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.

•• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.

•• Обидете се со притискање на копчето POWER на телевизорот да проверите дали проблемот е во далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.

Телевизорот автоматски се исклучува.

•• Проверете дали функцијата Време на искл. е поставена на Искл. во менито Време.

•• Ако вашиот телевизор е поврзан на компјутер, проверете ги поставувањата за напојување на компјутерот.

•• Проверете дали AC кабелот за напојување е приклучен добро во ѕидниот приклучок и телевизорот.

•• Исклуч. кога нема сигнал го исклучува телевизорот доколку телевизорот не прими сигнал одреден временски период. Авто-исклучув.го исклучува телевизорот доколку корисникот повеќе од четири часа не издаде никаква команда.

Нема слика/видео сигнал.

•• Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди).

•• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top Box приемник, DVD, Blu-ray итн.) да одговара на влезните приклучоци на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред

еHDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.•• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

•• Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притискање на копчето SOURCE на далечинскиот управувач.

•• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.

Поврзување антена (Антенска/Кабелска врска) (Кабелска врска: во зависност од земјата)

Телевизорот не ги прима сите канали.•• Проверете дали кабелот од антената е добро приклучен.

•• Обидете се со функцијата Постав. (почетно поставување) да ги додадете достапните канали на списокот со канали. Одете во MENU - Систем - Постав. (почетно поставување) и почекајте да се зачуваат сите достапни канали.

•• Проверете дали антената е правилно позиционирана.

Сликата е изобличена: грешка во макро блок, мал блок, точки, пикселизација.

•• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено на слики со брзи движења како кај спортот или динамичните филмови.

•• Слабиот сигнал може да предизвика изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.

Македонски - 20