04Почетно поставување

Прозорецот за почетно поставување ќе се појави при првото активирање на телевизорот. Следете ги инструкциите на екранот за да завршите со процесот за почетното поставување. Оваа постапка можете рачно да ја извршите подоцна во менито MENUmСистем Постав..

•• Ако поврзете некој уред во HDMI1 приклучокот пред да започне инсталацијата, функцијата Извор на канал автоматски ќе се промени во Set-top box.

•• Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.

Ако сакате да ја ресетирате оваа одлика...

Изберете Систем Постав. (Почетни поставки). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Стандардниот PIN- број е „0-0-0-0”.

Ако сакате да го смените PIN-бројот, користете ја функцијата Измени PIN.

Дома треба повторно да ја направите постапката Постав. (MENUmСистем), дури и ако веќе сте ја направиле во продавницата.

•• Доколку го заборавите PIN-бројот, во режим на мирување притиснете ги копчињата на далечинскиот управувач по следниов редослед, со што PIN-бројот ќе го ресетирате на „0-0-0-0“: MUTE → 8 → 2 → 4 → POWER (вклучи)

Користење на ТВ-контролор

Можете да го вклучите телевизорот со копчето ТВ-контролорна долната страна на телевизорот и потоа да ја користите функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола се појавува кога ќе го притиснете контролното копче на телевизорот кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.

Мени за контрола : Исклучи : Гл. горе : Кан. горе : Глас. долу
: Канал долу

 

: Извор

 

ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач Притиснете: Премести Притиснете и задржете: Избери ТВ-контролор се наоѓа на долната страна на телевизорот.

Македонски

Македонски - 13