06Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)

•• Во зависност од земјата и моделот.

•• Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка.

Користење на “CI или CI+ картичка”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+ картичка”.

•• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

•• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”, Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

•• По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

•• ЗАБЕЛЕШКА

•• Сликата може да биде различна, во зависност од моделот.

Македонски

–– “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот оператор на кабелски услуги.

–– При отстранување на “CI или CI+ картичката”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.

–– Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.

–– Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот.

–– “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач.

–– Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај операторот на услуги.

–– Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Македонски - 15