Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа

Во спротивно може да дојде до оштетување на надворешноста од уредот или до негово неправилно функционирање.

Ако користите помагало за слух, контактирајте го производителот за инфорамции околу радио-пречки

Радио-фреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки на одредени помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте го производителот за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде попречено од радио-фреквенциите емитувани од уредот.

Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што емитуваат радио-фреквенции, како што се звучни системи или радио-кули

Pадио-фреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да функционира неправилно.

Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања

Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања.

Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците.

Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски станици), во близина на горива или хемикалии, или во области каде што се врши рушење со експлозиви.

Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во истиот простор каде што се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.

Ако забележите чуден мирис или звуци што доаѓаат од Вашиот уред или батерија, или ако забележите чад или протекување на течности од уредот или батеријата, престанете со користење на уредот веднаш и однесете го во сервисен центар на Samsung

Во спротивно може да дојде до пожар или експлозија.

Македонски