Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)

Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка или адаптер за CI картичка.

Приклучување на адаптерот за CI картички

 

Прикачете го адаптерот како што е прикажано од

 

страна.

 

За да го инсталирате адаптерот за CI картички,

 

ве молиме отстранете ја налепницата залепена

Задна страна на ТВ

на телевизорот.

 

За поврзување на адаптерот за CI картички, следете ги овие чекори.

Ви препорачуваме да го приклучите адаптерот пред поставувањето на ѕидниот носач или пред да вметнете “CI или CI+ картичка”.

1.Вметнете го адаптерот за CI картички во двата отвора на производот 1.

Пронајдете ги двата отвора на задниот дел од телевизорот. Двата отвори се наоѓаат покрај приклучокот COMMON INTERFACE.

2.Приклучете го адаптерот за CI картички во приклучокот COMMON INTERFACE на производот 2.

3.Вметнете “CI или CI+ картичка”.

Ви препорачуваме да ја вметнете CI картичката пред да го монтирате телевизорот на ѕид. Може да имате потешкотии да ја вметнете по монтирањето. Вметнете ја картичката откако ќе го приклучите адаптерот за CI картички на телевизорот. Можно е да имате потешкотии доколку ја вметнете картичката пред прикачувањето на модулот.

Користење на “CI или CI+ картичка”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+ картичка”.

•• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

•• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”,

Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

•• По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

ЗАБЕЛЕШКА

•• “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.

•• При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.

•• Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.

•• Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот.

•• “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач.

•• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.

•• Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Македонски - 8

[UF5500-XH]BN68-04825S-03L16.indb 8

 

 

2013-11-14 ￿￿ 2:51:39