Поставките на телевизорот се губат по 5 минути.

Телевизорот е во режимот Режим за малопродажба. Променете го режимот Режим на користење во Домашен режим. ( > Поставув. > Систем > Експертски поставки > Режим на користење > Домашен режим).

Прекини во Wi-Fi врската

Проверете дали телевизорот е поврзан во мрежа ( > Поставув. > Мрежа > Статус на мрежата).

Проверете дали точно сте ја впишале лозинката за Wifi.

Проверете го растојанието помеѓу телевизорот и модемот/рутерот. Растојанието не треба да надминува 15,2 m.

Намалете ги пречките на тој начин што нема да ги користите или ќе ги исклучите безжичните уреди. Исто така, проверете дали има пречки помеѓу телевизорот и модемот/рутерот.

(Јачината на Wi-Fi сигналот можат да ја намалат уреди во домаќинството, безжични телефони, ѕидови од камен, камини итн.)

 

 

Еден кат

 

 

 

 

Повеќе ката

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Безжичен рутер

Уред за зголемување на безжичниот опсег

Обратете се кај вашиот оператор на интернет услуги и побарајте да ја ресетира вашата мрежа за да овозможи повторна регистрација на Mac адресата на вашиот нов модем/рутер и телевизорот.

Проблеми со апликации за видео (Youtube итн.)

Променете го DNS серверот во 8.8.8.8. Изберете > Поставув. > Мрежа > Статус на мрежата > IP поставки > DNS-поставка> Внесете рачно > DNS сервер > внесете 8.8.8.8 > OK.

Извршете ресетирање со избирање на > Поставув. > Поддршка > Самодијагноза > Ресетирај ја функцијата

Smart Hub.

Што претставува Remote Support?

Услугата Remote Support од Samsung ви нуди поддршка лице-во-лице со техничар од Samsung кој може далечински да ви помогне:

Дијагностика на вашиот телевизор

Прилагодување на поставувањата на телевизорот наместо вас

Ресетирање на вашиот телевизор на фабрички вредности

Инсталирање на препорачани ажурирања на фирмверот

Како функционира Remote Support?

Дозволете му на некој сервисер од Samsung да го поправи вашиот телевизор далечински:

1.Јавете се во контактниот центар на Samsung и побарајте далечинска поддршка.

2.Отворете го менито на вашиот телевизор и одете во делот за Поддршка.

3.Изберете Далечинско управување, а потоа прочитајте ги и согласете се со договорите на услугата. Кога ќе се појави екранот за PIN, кажете му го PIN бројот на агентот.

4.Потоа агентот ќе пристапи на вашиот телевизор.

Македонски - 8

Page 162
Image 162
Samsung UE65KU6402UXXH manual Што претставува Remote Support?, Како функционира Remote Support?, Прекини во Wi-Fi врската