Еко сензор и осветленост на екранот

Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете во > Поставув. > Систем > Еко решение > Еко сензор.

-- Ако екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темно опкружување, за тоа може да биде одговорна функцијата Еко сензор.

-- Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.

Предупредување за неподвижна слика

Избегнувајте прикажување фотографии на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од фотографии (како лого ознаки од телевизиските канали, ленти за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.) или, пак, програми во панорамски или 4:3 формат на слика на екранот. Ако постојано прикажувате фотографии, тоа може да предизвика заостанати слики на LED екранот и да го намали квалитетот на сликата. За да го намалите ризикот од овој несакан ефект, следете ги препораките наведени подолу:

Избегнувајте прикажување на иста фотографија во долги временски периоди.

Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран. За најдобро усогласување користете го менито за поставување на форматот на сликата на телевизорот.

Намалете ги светлината и контрастот за спречување на појавата на заостанати слики.

Употребувајте ги сите функции на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот. Погледнете во e-Manual за деталите.

Грижа за телевизорот

Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа

место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчистете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија.

Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се

изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.

Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Исклучете го телевизорот, а потоа внимателно избришете ги дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот со мека ткаенина натопена со мало количество на вода. Не користете запаливи течности (бензен, разредувач, итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенината.

Македонски

Македонски - 9

Page 163
Image 163
Samsung UE55KU6402UXXH manual Еко сензор и осветленост на екранот, Предупредување за неподвижна слика, Грижа за телевизорот