Samsung UE55ES8000SXXH, UE46ES8000SXXH Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор

Models: UE40ES8000SXXH UE46ES8000SXXH UE55ES8000SXXH

1 208
Download 208 pages 32.82 Kb
Page 72
Image 72

Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор

При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание од најмалку 10 сантиметри помеѓу телевизорот и останатите објекти

(ѕидови, страните на комодата, итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.

Без разлика дали користите држач или ѕиден носач за инсталирање на вашиот телевизор, ние строго препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.

•• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.

Инсталација со држач.

10 cm

10 cm

 

10 cm

 

 

 

 

 

10 cm

Инсталација со ѕиден носач.

10 cm

10 cm

10 cm

[[Други предупредувања

Вистинскиот изглед на телевизорот може да се разликува од сликите во овој прирачник, во зависност од моделот. Внимавајте кога го допирате телевизорот. Некои делови може да бидат прилично жешки.

Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема)

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на отпадоци)

Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите. Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на батерии)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

•• Можно е да ви наплатат дополнително доколку

−− (a) повикате инженер кој ќе утврди дека нема дефект на производот

(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење)

−− (b) го донесете уредот во сервисен центар каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење).

•• Износот за дополнителната наплата ќе ви биде соопштен пред да започнат со поправката или да ве посетат во домот.

Македонски - 3

Page 72
Image 72
Samsung UE55ES8000SXXH, UE46ES8000SXXH Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор, Други предупредувања