Samsung UE55ES8000SXXH Складирање и одржување, Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Models: UE40ES8000SXXH UE46ES8000SXXH UE55ES8000SXXH

1 208
Download 208 pages 32.82 Kb
Page 90
Image 90

Складирање и одржување

Ако залепите некои налепници на ТВ екранот, по нивното отстранување ќе останат остатоци. Ве молиме исчистете ги за да гледате телевизија.

Не прскајте вода директно на производот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Чистете го производот со мека ткаенина натопена со мало количество на вода. Не користете запаливи течности (на пр. бензен, разредувач) или средство за чистење.

Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.

За да избегнете паѓање на телевизорот

1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите дополнително.

2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно прицврстете ги завртките на телевизорот.

Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.

Спецификации за завртките

• За големина од 19 - 27 инчи: M4

За големина од 32 - 75 инчи: M8

3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со силен кабел и потоа силно прицврстете ја жицата.

ЗАБЕЛЕШКА

Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.

Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.

Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

4. Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.

Македонски - 21

Page 90
Image 90
Samsung UE55ES8000SXXH, UE46ES8000SXXH manual Складирање и одржување, Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид