Прикажување на далечинскиот управувач на екранот (виртуелен далечински управувач)

Притиснете го копчето KEYPAD за да се прикаже виртуелниот далечински управувач на екранот. Виртуелниот далечински управувач овозможува лесно да внесување цифри, контролирање содржини и користење копчиња на телевизорот.

-- Копчињата на виртуелниот далечински управувач можат да бидат различни во зависност од тековниот статус на телевизорот.

Контролирање на надворешни уреди со далечинскиот управувач на телевизорот (Поставки на универзално далечинско)

Систем > Поставки на универзално далечинско

-- Достапноста зависи од специфичниот модел и областа.

Функцијата за универзалниот далечински управувач ви овозможува да контролирате кабелски приемници, Blu-ray плеери, домашни кина и други надворешни уреди кои се поврзани на телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот. За да можете да го користите далечинскиот управувач на телевизорот како универзален далечински управувач, прво мора да го поврзете IR продолжителниот кабел (испорачан).

-- Исто така, можете да ја користите функцијата Anynet+ (HDMI-CEC) за да ракувате со некои надворешни уреди од Samsung со помош далечинскиот управувач на вашиот телевизор, без дополнително поставување. За повеќе информации, погледнете во e-Manual.

-- Одредени надворешни уреди кои се поврзани со телевизорот може да на ја поддржуваат функцијата за универзален далечински управувач.

Поставување на универзалниот далечински управувач

Поврзете го IR продолжителниот кабел со излезниот IR приклучок на телевизорот како што е прикажано на сликата и поставете го другиот крај од кабелот со предавател на растојание до 10 cm од приемникот на надворешниот уред завртен во насока

на приемникот за далечинскиот управувач. Меѓутоа, помеѓу IR продолжителниот кабел и надворешниот уред не смее да има пречки. Пречките ќе го попречуваат пренесувањето на сигналот за далечинско управување.

-- Ако користите надворешен уред кој е регистриран со универзалниот далечински управувач на Samsung Smart Control, тој надворешен уред можете да го користите без да поврзувате IR продолжителен кабел. Меѓутоа, ако сакате да користите надворешен уред со функцијата Контрола со глас, не заборавајте да го поврзете IR продолжителниот кабел.

10 cm

Контролирање на надворешни уреди со далечинскиот управувач на телевизорот

1.Вклучете го надворешниот уред за кој треба да ја поставите функцијата за универзален далечински управувач и отворете го екранот на функцијата Извор.

2.Изберете Поставки на универзално далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа ќе ја започнете постапката за поставување на универзалниот далечински управувач.

3.Следете ги инструкциите на екранот и регистрирајте го надворешниот уред.

Македонски

Македонски - 17