02Инсталација на телевизорот

Монтирање на телевизорот на ѕид

Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги наведува производителот. Доколку не го монтирате правилно, телевизорот може да излезе од

лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и сериозни оштетувања на телевизорот.

За моделите кои се испорачуваат со адаптери за монтирање на ѕид, инсталирајте ги како што е прикажано на сликата подолу пред да го инсталирате комплетот со ѕиден носач.

•• Погледнете го упатството за монтирање кое се испорачува со комплетот со ѕиден носач од Samsung.

Адаптер за монтирање на ѕид

Носач за

ТВ

монтирање

 

на ѕид

 

C

 

Адаптер за монтирање на ѕид

 

Носач за

ТВ

монтирање

 

на ѕид

 

C

 

•• Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.

•• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.

•• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата на следната страница.

•• Ако при инсталацијата користите држач за монтирање на ѕид од трета страна, имајте предвид дека должината на завртките што можете да ги користите за да го прикачите телевизорот на држачот за монтирање на ѕид е прикажана во колоната C во табелата на следната страница.

•• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки.

•• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што се монтира на ѕид само со две завртки на горниот дел, тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за купување во зависност од географскиот регион.)

Македонски

Македонски - 7

Page 227
Image 227
Samsung UE55NU7102KXXH, UE65NU7172UXXH, UE75NU7172UXXH manual 02 Инсталација на телевизорот, Монтирање на телевизорот на ѕид