Не перете, центрифугирајте или сушете водоотпорни навлаки, ќилими или облека (*), освен ако вашиот уред има специјален програм за перење на овие предмети.

-Не перете дебели, тврди ќилими дури и ако имаат ознака за перење на нивната етикета.

-Ова може да предизвика повреда или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот или

облеката поради абнормални вибрации.

*Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи за спиење, навлаки за пелени, костими за тренирање и навлаки за велосипеди, мопеди, автомобили итн.

Не употребувајте ја машината за перење кога кутијата за детергент е отстранета.

- Ова може да предизвика електричен удар или повреди поради истекување на водата.

Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушењето, бидејќи е жежок. - Ова може да предизвика изгореници.

Не ја ставајте раката во кутијата за детергент откако ќе ја отворите.

-Ова може да предизвика повреда бидејќи уредот за внесување детергент може да ви ја потфати раката. Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за перење.

-Ова може да предизвика оштетување на машината за перење, или повреди и смрт во случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.

Не притиснувајте ги копчињата со остри предмети како игли, ножеви, нокти итн. - Ова може да предизвика електричен удар или повреда.

Не перете облека која е контаминирана со масло, креми или лосиони кои најчесто се користат во продавниците за нега на тело или салоните за масажа.

- Ова може да предизвика деформирање на гумената изолациона лента и истекување на водата.

Не оставајте метални предмети како безопасни игли или игли за коса, или средство за белење во барабанот подолги временски периоди.

-Ова може да предизвика 'рѓа на барабанот.

-Ако се појави 'рѓа на површината на барабанот, нанесете средство за чистење (неутрално) и потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка.

Не користете директно детергент за хемиско чистење и не перете, плакнете или центрифугирајте облека контаминирана со детергент за хемиско чистење.

-Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината од оксидацијата на маслото.

Не користете топла вода од уредите со водено ладење/греење. - Ова може да предизвика проблеми на машината за перење.

Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.

-Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да предизвика проблеми на производот, избледување, 'рѓа или лош мирис.

Не перете голем тип на алишта како постелнина во мрежата за перење.

-Ставете ги чорапите и градниците во мрежата за перење и исперете ги заедно со останатите алишта.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.

Не користете стврднат детергент.

- Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.

Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, проверете отворите да не бидат блокирани со килим или други предмети.

Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.

-Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.

Немојте да перете облека со големи точки, копчиња или други тврди метални предмети.

Македонски - 9

ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСНИ 01

ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec10:9

2015-10-21 ￿￿ 5:25:49