перење на алишта
Со вашата нова Samsung машина за перење, најтешкиот дел ќе биде одлуката што да ставите при првото перење.
ПРИ ПРВОТО ПЕРЕЊЕПред перењето на алишта за првпат, мора да направите комплетен празен циклус (т.е. без алишта).
1. | Притиснете го копчето Power (Напојување). |
2. | Ставете малку детергент во преградата на фиоката |
| за детергент. |
3. | Отворете го доводот на вода во машината. |
4. | Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/ |
| Пауза). |
Ова ќе ја отстрани можната заостаната вода во машината од завршното тестирање на производителот.
Преграда : Детергент за предперење или штирак.
Преграда : Детергент за главно перење, омекнувач на вода, средство за накиснување, белило и отстранувачи на дамки.
За користење на течен детергент, користете ја кутијата за течен детергент (погледнете на страница 31 од упатството за соодветниот модел). Не додавајте детергент во прав во кутијата за течен детергент.
Преграда : Адитиви, на пр. омекнувач (не полнете над долниот раб (MAX) од “A”).
ОСНОВНИ ИНСТРУКЦИИ
1.Ставете ги алиштата во машината за перење.
Немојте да ја преполнувате машината за перење. За да го одредите количеството на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ облека за перење во зависност од нејзиниот вид, погледнете ја табелата на страница
30.
• Внимавајте алиштата да не се заглават на вратата, бидејќи може да дојде до истекување на вода.
•Во предниот гумен дел од машината, по циклусот за перење може да се задржи детергент. Отстранете го задржаниот детергент бидејќи може да предизвика истекување на вода.
•Не допирајте го стаклото на вратата додека машината за перење работи бидејќи може да биде топло.
•Не отворајте ја фиоката за детергент или филтерот за остатоци додека машината за перење работи бидејќи може да се изложите на топла вода или пареа.
•Не перете водоотпорни алишта со нормален циклус, освен со програмот за Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот).
2.Затворете ја вратата до крај.
3.Вклучете го напојувањето.
4.Додадете детергент и адитиви во преградите.
5.Изберете го соодветниот циклус и опциите за алиштата.
Индикаторот за перење ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
6.Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/Пауза).АЛИШТА НА ПЕРЕЊЕ 03
Македонски - 19