поставување на машината за перење

Поврзување на цревото за одвод

Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:

1.Преку работ на лавабото: Цревото за одвод мора да биде поставено на височина од 60 до 90 cm. За да го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач за црево. Прицврстете го држачот за ѕид со кука или за славина со жица за да спречите поместување на цревото.

2.Во разгранување на одводната цевка од лавабото: Разгранувањето на цевката за одвод мора да биде над сифонот на лавабото така што крајот на цревото да е најмалку 60 cm над земјата.

Црево за одвод

60 ~ 90 cm

Држач на цревото

3.Во цевка за одвод: Препорачуваме употреба на вертикална цевка од 65 cm; цевката не смее да биде пократка од 60 cm и подолга од 90 cm.

За хидрантот за одвод е потребно;

минимален дијаметар од 5 cm.

минимален капацитет за исфрлање од 60 литри во минута.

60 ~ 90 cm

ЧЕКОР 5

Приклучување на машината за перење на напојување

Приклучете го кабелот за напојување во ѕидниот штекер за AC 220-240 V / 50 Hz, кој е заштитен со осигурувач или прекинувач на коло. (За повеќе информации околу електричните и потребите за заземјување, погледнете на страница 14.)

Пробно тестирање

Проверете дали правилно сте ја инсталирале вашата машина за перење со активирање на циклусот Плакнење+центрифуга откако ќе завршите со инсталацијата.

ЧЕКОР 6

Изберете го јазикот (одредени LCD модели)

Во текот на почетното поставување (по вклучувањето), на екранот ќе се прикаже пораката “Language setting” (Поставување на јазик). Може да изберете еден од следните јазици: англиски, француски, холандски, германски, италијански или шпански.(полски, руски, турски, кинески или тајландски.)

*Изборот на јазици може да се промени во зависност од понатамошните модели.

1.Притиснете го копчето Rinse (Плакнење) за да изберете јазик.

2.Притиснете го копчето Spin (Центрифуга) за поставување на избраниот јазик.

За повторно избирање на јазик, истовремено притиснете ги копчињата Rinse (Плакнење) и Spin (Центрифуга) за 3 секунди.

Јазикот на LCD екранот може да биде различен во зависност од моделот.

Türkçe

￿

Polska

Poccию

Македонски - 18

ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec4:18

2015-10-21 ￿￿ 5:25:51