перење на алишта
Перење на алишта со користење на избирачот на циклусПерењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.
1.Отворете ја славината за вода на лавабото.
2.Притиснете го копчето Power (Напојување).
3.Отворете ја вратата.
4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.Затворете ја вратата.
6.Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во соодветните прегради.
Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење),
Super Eco Wash (супер еколошко перење), Baby care (грижа за бебиња). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу валкани.
7.Користете го Избирачот на циклус за избор на соодветниот циклус во зависност од типот на материјалот: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Bedding (постелнина), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење), Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот), Baby Care (грижа за бебиња), Wool (волна), Hand Wash (рачно перење). На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.
8.Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да ги контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.
9.Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/Пауза) и перењето ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
Опција за пауза
Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/ извадите облека.
1.Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/Пауза) за отклучување на вратата.
Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на водата е премногу ВИСОКО.
2.По затворањето на вратата, притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/Пауза) за повторно започнување на перењето.
Кога циклусот е завршен:
Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.
1.Отворете ја вратата.
2.Извадете ги алиштата.
Македонски - 26