Одвод

Samsung препорачува височина на хидрантот од 65cm. Цревото за одвод мора да минува низ спојка за цревото за одвод кон хидрантот. Хидрантот мора да биде доволно голем за да го прифати надворешниот дијаметар на цревото за одвод. Цревото за одвод е фабрички прицврстено.

Поставување на под

За најдобро функционирање, машината за перење мора да се инсталира на цврст под. Кај дрвените подови може да биде потребно зајакнување за да се минимизираат вибрациите и/или небалансираното работење. Килимите и меките површини се фактори кои придонесуваат за вибрациите и за тенденцијата на мало придвижување на машината за време на циклусот на центрифуга.

Никогаш немојте да ја инсталирате машината за перење на платформа или структура со слаба потпора.

Температура на околина

Немојте да ја инсталирате машината за перење во области во кои е можно замрзнување на вода, бидејќи во машината за перење секогаш се задржува мало количество на вода во вентилите, пумпата и цревата. Замрзнатата вода може да предизвика оштетување на ремените, пумпата и другите компоненти.

Инсталирање во плакар или отвор

За правилно и безбедно функционирање, за машината за перење потребен е минимум слободен простор од:

Странично – 25 mm

Одзади – 50 mm

Одгоре – 25 mm

Однапред – 465 mm

Доколку машината за перење и машината за сушење се инсталираат заедно, предниот дел од нишата мора да има непречен отвор за воздух од најмалку 465 mm. Само за машината за перење не е потребен посебен отвор за воздух.

ИНСТАЛИРАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

ЧЕКОР 1

Избор на локација

Пред да ја инсталирате машината за перење, проверете дали местото:

Има тврда и рамна подлога без килими кои можат да ја попречат вентилацијата

Не е изложено на директна сончева светлина

Има соодветна вентилација

Нема да замрзнува (под 0 ˚C)

Не е изложено на извори на топлоина како нафта или гас

Има доволно простор за да не мора машината да се постави врз кабелот за напојување

Македонски - 13

ПОСТАВУВАЊЕ 02

ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec4:13

2015-10-21 ￿￿ 5:25:50