безбедносни информации

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА ЧИСТЕЊЕТО

Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода. Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.

За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.

-Ова може да предизвика избледување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.

Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер. - Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

ИНСТРУКЦИИ ОКОЛУ WEEE ОЗНАКАТА

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

За повеќе информации во врска со определбите на компаниjата Samsung за заштита на животната средина и посебните законски обврски за производите, како на пр. REACH, посетете ја веб- страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html

Македонски - 10

ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec10:10

2015-10-21 ￿￿ 5:25:49