•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
ВНИМАНИЕ: ВНИМАВАЈТЕ при инсталацијата
Овој уред треба да се позиционира на таков начин што приклучокот за напојување ќе биде лесно достапен.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.
Инсталирајте го вашиот уред на цврста и рамна површина која може да ја издржи неговата тежина.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации, движења, шум или проблеми со производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при користењето
Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете ги доводите на вода и напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
•Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за напојување.
•Немојте да користите вентилатор.
•Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за перење.
•Доколку некое дете се заглави во производот, може да се задуши до смрт.
Погрижете се да го отстраните пакувањето (сунѓер, стиропор) прикачено на дното од машината за перење пред да почнете да ја користите.
Немојте да перете облека контаминирана со бензин, керозин, бензол, разредувач, алкохол или други запаливи или експлозивни супстанци.
•Ова може да предизвика електричен удар, пожар или експлозија.
Не отворајте ја насилно вратата од машината за перење додека работи (перење/сушење/центрифуга на висока температура).
•Водата која истекува од машината за перење може да предизвика изгореници или да го направи подот лизгав. Ова може да предизвика повреди.
•Насилното отворање на вратата може да предизвика оштетување на производот или повреди.
Не ја ставајте раката под машината за перење додека уредот се користи.
•Ова може да предизвика повреди.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
•Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека уредот се користи.
•Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Не дозволувајте им на децата или изнемоштените лица да ја користат машината за перење без соодветно надгледување. Не дозволувајте им на децата да се качуваат во внатрешноста или врз уредот.
•Ова може да предизвика електричен удар, изгореници или повреда.
Не ставајте раце или метални предмети под машината за перење додека работи.
•Ова може да предизвика повреди.
Македонски - 7
ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСНИ 01
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|