6.Копче Option (опција)

Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу опциите:

Накиснување > Интензивно > Предперење > Накиснување + Интензивно > Накиснување + Предперење > Интензивно

+ Предперење > Накиснување + Интензивно + Предперење > исклучено

Накиснување: Користете ја оваа функција за ефективно отстранување на дамките со накиснување на вашите алишта.

Функцијата Накиснување се извршува по 13 минути од почетокот на циклусот на перење.

Функцијата Накиснување трае 30 минути и содржи шест циклуси, при што еден циклус се состои од центрифугирање од 1 минута и мирување од 4 минути.

Функцијата Soak (накиснување) е достапна само со: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim

(тексас), Stain Away (отстранување на дамки), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење) и Baby Care (грижа за бебиња) циклус.

Интензивно: Користете ја оваа функција кога алиштата се многу валкани и потребно е интензивно перење. Времето на циклусот е продолжено при секој циклус.

Предперење: Користете ја оваа функција за предперење на вашите алишта пред главниот циклус за перење. Функцијата Prewash (предперење) е достапна само за циклусите Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Stain Away (отстранување на дамки), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење) и Baby Care (грижа за бебиња).

7.Копче Easy Iron (лесно пеглање)

Притиснете го ова копче за да ги подготвите алиштата за полесно пеглање, со намалување на наборите за време на циклусот Spin (центрифуга).

Easy Iron (лесно пеглање) е достапно само со: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Stain Away (отстранување на дамки), Dark Garment (темна облека), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење) и Baby Care (грижа за бебиња) циклус.

Кога функцијата Easy Iron (лесно пеглање) е избрана, брзината на циклусот за центрифуга може да се постави до

800 врт./мин. (Ако ја изберете функцијата Easy Iron (лесно пеглање) со брзина на циклусот за центрифуга поставена повисоко од 800 вртежи/минута, брзината на циклусот на центрифуга автоматски ќе се промени на 800 вртежи/

минута.)

8.Копче Delay End (одложено завршување)

Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу достапните опции за Delay End (одложено завршување) (од 3 часа до 19 часа, со чекор од еден час).

Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

9.Копче 15’ Quick Wash (брзо перење 15’)

За малку извалкани алишта и алишта кои тежат помалку од 2 kg и ви се потребни за кратко време. Потребни се најмалку 15 минути, но тоа се менува поради посочените вредности кои зависат од притисокот на водата, тврдоста на водата, температурата на доводот на водата, собната температура, типот/количеството на перење, степенот на нечистотија, употребениот детергент, небалансираното полнење, промените во снабдувањето со електрична енергија и сите други дополнителни опции кои се избрани.

Овој циклус е достапен само за циклусот Cotton (памук).

ВНИМАНИЕ: Треба да користите помалку од 20 g детергент (за полнење од 2 kg), бидејќи детергентот може да се задржи на облеката.

Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избирање на времето на циклусот:

15 мин. > 20 мин. > 30 мин. > 40 мин. > 50 мин. > 1 ч. > Исклучено

10.Копче за активирање/пауза

Притиснете го ова копче за пауза и рестартирање на циклус.

11.Копче за напојување

Притиснете го ова копче еднаш за да ја вклучите машината за перење. Потоа притиснете го ова копче уште еднаш за да ја исклучите.

Ако машината се остави вклучена подолго од 10 минути без да се притисне ниту едно копче, таа автоматски ќе се исклучи.

Македонски - 23

КОРИСТЕЊЕ 03

Untitled-1 23

 

 

2014-03-19 �� 11:57:32