Delay End (одложено завршување)

Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.

2.Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.

3.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.

4.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во фиоката за детергент.

5.Изберете го соодветниот циклус и опциите за алиштата.

6.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) додека не го поставите саканото време за одложено завршување.

7.Притиснете го копчето Активирање/пауза.

Индикаторот “Delay End (одложено завршување) “ ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го достигне поставеното време.

8.За да ја исклучите функцијата Delay End (одложено завршување), исклучете ја машината за перење и повторно вклучете ја со притиснување на копчето Напојување.

Македонски - 26

Untitled-1 26

 

 

2014-03-19 �� 11:57:33