MK УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

1. ЗАВРШНА МОНТАЖА

ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со некои веќе монтирани компоненти.

1.1Предниот дел на веќе поставената рачка (1), донесете го во позиција за работа и блокирајте го меѓу фаќалките (2).

Куките (3) на фаќалките (2) треба да бидат навртени во режим да обезбедуваат стабилно фиксирање на горниот дел (1) на двата задни дела на рачката (4 и 5), без примена на прекумерна сила за блокирање или деблокирање.

Порамнување на ракофатите (6) е можно со регулација на висината на рачката; по извршена регулација, зашрафете ги добро ракофатите (6).

Фиксирајте го електричниот кабел со помош на стегалките (7 – ако се предвидени) на начин да ја следи регулацијата на висината на рачката без да се затегнува.

Точната положба на водилката на кабелот (8) е како што е прикажано.

1.2a За платнен магацин: Вметнете ја рамката (1) во вреќичката (2) и прицврстете го пластичниот профил

(3)со помош на одвртка, како што е прикажано на цртежот.

1.2b За магацин за трева од пластика и платно:Со пластичниот дел (11) надолу, прицврстете го платното

(12)за средниот пластичен дел со штрафови (13). Внесете го платното (12) во вреќата (14) и спојте ги сите пластични профили (15), со помош на штрафцигер, како што е прикажано на сликата. Вметнете го на долниот крај од периметралните граничници (16) платното во жлебовите на пластичните делови (11), оставајќи 5-7 мм на краевите.

Монтирајте ја рачката (17) на горниот дел од вреќата и вметнете ја на соодветните места

2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ

2.1Моторот се контролира преку прекинувач со двојно дејство кој спречува негово несакано случајно стартување.

За стартување на моторот, притиснете го копчето (2) и

повлечете го лостот (1). Моторот автоматски застанува при отпуштање на лостот (1).

2.2Височината се регулира со употреба на лостот

(1). ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.

2.3Тревокосачката е опремена со телескопски систем за регулација на рачката на начин што држачот

икомандите се наоѓаат на оптимална висина во сооднос со висината на операторот.

Регулацијата се извршува со порамнување на ракофатите (1) и со повлекување или вртење на држачот на рачката (2) сe додека не се постигне саканата позиција; по извршената регулација, зашрафете ги добро ракофатите (1).

3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА

3.1Подигнете го дефлекторот (штитникот) и соодветно прицврстете го цврстиот магацин за трева

(1)или платнениот магацин за трева (2) како што е прикажано на соодвените цртежи.

3.2Прикачувајте го правилно продолжниот кабел како е прикажано.

Стартувајте го моторот со притискање на безб едносниот прекинувач (2) и повлекување на лостот (1) на спојката на погонот.

3.3Додека косите, внимавајте кабелот за напоју- вање секогаш да биде зад вас и на површината која е веќе покосена.

Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на иста височина и со наизменично менување на правецот на косење.

3.4Кога ќе завршите со косењето, отпуштете го лостот (1). ПРВО исклучете го кабелот за напојување од мрежната приклучница (2) и ПОТОА од страната на спојката на тревокосачката (3).

ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ пред да започнете со било каква работа на косачката.

ВАЖНА НАПОМЕНА

Ако моторот запре во текот на работата заради прегревање, почекајте околу 5 минути пред одново да го стартувате.

4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се сочуваат степенот на сигурност

иоригиналноста на тревокосачката. Тревокосачката одлагајте ја на суво место.

1)Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое чистење, чување или регулирање на тревокосачката.

2)По секое косење, остранете ги остатоците од трева и кал наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете исушување на истите кои можат да предизвикаат потешкотии во нардното користење.

3)Осигурете се дека слободните делови се без остатоци.

4.1Секаква операција врз ножот треба да биде извршена во специјализиран центар.

Забелешка за специјализираниот центар: Склопете го ножот (2) следејќи ја секвенцата наведена на сликата и стегнете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч, подесен а 16-20 Nm.

4.2Немојте да користите вода под притисок и избе- гнувајте влажнење на моторот или електричните компоненти.

Немојте да користите груби средства за чистење на шасијата.

Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се двоумите да контактирате со најблискиот Сервисен Центар или Продажен пункт.

33