ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Безбедност при користењето
Овој уред треба да се користи единствено за нормално готвење и пржење во вашиот дом. Тој не е дизајниран за комерцијална или индустриска употреба.
Никогаш немојте да ја користите плотната за загревање на просторијата.
Внимавајте при приклучувањето на други електрични уреди во штекер во близина на плотната. Каблите за напојување не смеат да дојдат во допир со плотната.
Прегреаната маст и маслото можат бргу да се запалат. Секогаш бидете во близина на уредот кога подготвувате храна со маст или масло, на пример кога готвите помфрит.
По употребата исклучете ги зоните за готвење. Контролната плоча секогаш треба да биде чиста и сува.
Никогаш не поставувајте леснозапаливи предмети на плотната. Тие можат да предизвикаат пожар.
Немојте да ја користите плотната за загревање на алуминиумска фолија, производи завиткани во алуминиумска фолија или замрзната храна спакувана во алуминиумска амбалажа.
Постои опасност од добивање на изгореници при невнимателно користење на уредот.
Каблите од електричните уреди не смеат да ја допираат жешката површина на плотната или жешките садови.
Не употребувајте ја плотната за сушење на алишта.
Никогаш немојте да ставате запаливи материјали како аеросоли и детергенти во фиоките под плотната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Корисниците со пејсмејкери и активни срцеви импланти мора да одржуваат минимално растојание од 30cm помеѓу горниот дел од телото и зоните за готвење со индукција, кога зоните се вклучени. Доколку не сте сигурни, треба да се обратите до производителот на вашиот уред или вашиот доктор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Безбедност при чистењето
Секогаш исклучете го уредот пред чистењето.
Немојте да користите уреди за чистење со висок притисок или пареа од безбедносни причини.
Чистете ја плотната во согласност со инструкциите за чистење и нега содржани во ова упатство.
4_ мерки за безбедност