с
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Дозволена е употреба на плотната од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи плотната на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Доколку на плотната има пукнатини, исклучете го уредот за да ја избегнете можноста од електричен удар. Не употребувајте ја плотната додека не се замени стаклената површина.
Металните предмети како ножевите, вилушките, лажиците и капаците не треба да се поставуваат на површината на плотната бидејќи може да станат жешки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце. - Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во тек користењето на уредот.
-Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи амбалажата може да биде опасна за децата.
-Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до задушување.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници или повреди.
Никогаш не го употребувајте овој уред за други намени освен за готвење. - Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
Никогаш не загревајте пластични или хартиени садови и немојте да ги користите при функционирањето на плотната.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар. Немојте да ја прегревате храната.
-Ова може да предизвика пожар.
Немојте да загревате храна завиткана во хартија како на пр. списанија или весници. - Ова може да предизвика пожар.
Не употребувајте и не поставувајте запаливи спрејови или предмети во близина на плотната. - Ова може да предизвика пожар или експлозија.
За загревање на течности како кафе, чај, алкохол или вода или, пак, јадења како пилешко кари, супа или варена храна, користете ниско поставување на јачината и не заборавајте да ја мешате содржината додека ги загревате.
-Користењето на високо поставување на јачината може да предизвика брзо зовривање на содржината и да предизвика големи изгореници.