ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мерки на претпазливост при чистењето

Чистете ја плотната редовно и отстранете ги сите остатоци од храна.

Неодржувањето на плотната во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.

Внимавајте да не се повредите при чистењето на уредот (надворешно/внатрешно).

-Можете да се повредите на острите рабови од уредот. Немојте да користите уреди за чистење со пареа.

-Ова може да предизвика корозија.

инструкции за отстранување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Отстранување на амбалажата

Сите материјали кои се користат при пакувањето на овој уред можат целосно да се рециклираат. Деловите од картон и стиропор се соодветно означени. При отстранувањето на амбалажата и старите уреди ве молиме да водите грижа за безбедноста и животната средина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Правилно отстранување на застарениот уред

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Пред отстранувањето на застарениот уред, оневозможете го неговото идно користење за да не може да се претвори во извор на опасност. За оваа цел, квалификувано техничко лице треба да го исклучи уредот од напојувањето и да го отстрани кабелот за напојување.

Уредот не треба да се отстранува заедно со останатиот отпад од домаќинството.

Информации околу датумите на прибирање и јавните места за отстранување може да добиете од локалното претпријатие за јавна хигиена.

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

10_ инструкции за отстранување

CTN464KC01_BOL_DG68-00454A-02_MK_121129.indd 10

2012-11-29 �� 5:21:10

Page 46
Image 46
Samsung CTN464KC01/BOL Предупредување Мерки на претпазливост при чистењето, Предупредување Отстранување на амбалажата