с

мерки за безбедност

Безбедносните аспекти на овој уред се во согласност со сите прифатени технички и безбедносни стандарди. Сепак, како производители сметаме дека е наша одговорност да ве запознаеме со следните безбедносни инструкции.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електрична безбедност

Уредот треба правилно да се инсталира и да биде заземјен од страна на квалификувано техничко лице.

Уредот треба да биде поправан единствено од страна на квалификуван сервисен персонал. Поправките извршени од страна на неквалификувани лица може да предизвикаат повреди и сериозни оштетувања на уредот. Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се до локалниот сервисен центар. Доколку не се придржувате кон овие инструкции може да дојде до оштетување и престанување на важноста на гаранцијата.

Уредите со горно вградување може да се користат единствено доколку инсталирањето во соодветните елементи е во согласност со релевантните стандарди. Со ова се осигурува доволен степен на заштита од доаѓање во допир со електричите делови, според барањата на основните безбедносни стандарди.

Доколку кај вашиот уред се појават дефекти или пукнатини и скршени делови:

-исклучете ги сите зони за готвење;

-исклучете ја плотната од напојувањето; и

-обратете се до локалниот сервисен центар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Безбедност на децата

Овој уред не е наменет за користење од страна на мали деца или онемоштени лица без соодветен надзор од одговорното возрасно лице.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Зоните за готвење стануваат жешки при готвењето. Секогаш чувајте ги малите деца подалеку од уредот.

мерки за безбедност _3

мерки за безбедно т

CTN464KC01_BOL_DG68-00454A-02_MK_121129.indd 3

2012-11-29 �� 5:21:09

Page 39
Image 39
Samsung CTN464KC01/BOL Мерки за безбедност, Предупредување Електрична безбедност, Предупредување Безбедност на децата