Употреба на соодветни садови

Соодветните садови даваат подобри резултати.

Добриот сад се познава по дното. Дното треба да биде колку е можно подебело и порамно.

При купувањето на садови, обрнете посебно внимание на пречникот на дното. Производителите често го наведуваат само пречникот на горниот раб од садот.

Не употребувајте садови кои имаат оштетена основа и нерамнини. Ако таков сад се повлече по површината на плочата, таа може трајно да се изгребе.

Кога е ладен, садот вообичаено има дно свиткано навнатре (конкавно). Неговото дно не смее да биде свиткано нанадвор (конвексно).

Доколку сакате да употребувате посебен вид на садови, како на пример, експрес лонец или вок, ве молиме прочитајте го упатството од производителот.

Совети за заштеда на енергија

Можете да заштедите енергија доколку се придржувате кон следните совети.

Секогаш прво поставете ги тенџерињата и тавите пред да ги вклучите зоните за готвење.

Валканатата површина за готвење како и нечистото дно на садовите ја зголемуваат потрошувачката на енергија.

Доколку е можно, покријте го садот целосно со капак.

Правилно!

Неправилно!

Исклучете ги зоните за готвење пред да истече времето на готвење за да се искористи преостанатата топлина за подгревање или одмрзнување.

Употреба на контролните сензори на допир

Контролните сензори на допир се употребуваат така што саканиот сензор се допира со врвот на прстите сè додека соодветниот екран не засвети или не се изгасне, или додека не се активира саканата функција.

Кога го употребувате уредот притиснувајте само еден сензор во даден момент. Ако со прстот допирате поголема површина, соседниот сензор може да се активира.

22_ употреба на плотната

CTN464KC01_BOL_DG68-00454A-02_MK_121129.indd 22

2012-11-29 �� 5:21:17

Page 58
Image 58
Samsung CTN464KC01/BOL manual Употреба на соодветни садови, Употреба на контролните сензори на допир