Клучни карактеристики на вашиот уред
•
•Контролни сензори на допир : Управувањето со вашиот уред е преку контролни сензори на допир.
•Едноставно чистење : Предноста на
•Сензор за вклучување/исклучување : Контролниот сензор за “вклучување/исклучување” служи како одделен прекинувач за напојување. При допирот на овој сензор напојувањето целосно се вклучува или исклучува.
•Контролни и функциски индикатори : Дигиталните екрани и светилките на индикаторите нудат информации за поставеноста и активираните функции, како и за присуството на преостаната топлина кај различните зони за готвење.
•Безбедносно исклучување : Безбедносното исклучување служи за автоматско исклучување на зоните за готвење по истекувањето на одреден период доколку поставките не се променети.
•Индикатор за преостаната топлина : На екранот ќе се појави мала слика за преостанатата топлина доколку зоната за готвење е жешка и постои опасност од изгореници.
•Засилување на моќност : Користете ја оваа функција за загревање на содржината на садот побрзо од максималното ниво на јачина ‘ ’. (На екранот ќе се прикаже " ".)
•Автоматско откривање на садот : Секоја зона за готвење располага со систем за автоматско откривање на сад - системот е калибриран така да препознае садови со дијаметар малку помал од зоната за готвење. Садовите секогаш мора да бидат поставени централно на секоја зона за готвење. Притоа треба да се користат соодветни садови за готвење.
•Дигитални екрани : Четирите екрански полиња се однесуваат на четирите зони на готвење. Тие ги прикажуваат следните информации:
- уредот е вклучен,
- до , избрана поставеност на јачината,
- преостаната топлина,
- активирано е заклучувањето за деца; и
- порака за грешка, сензорот на копчето регистрира допир со траење подолго од 8 секунди.
- порака за грешка, кога плотната е прегреана заради неправилно функционирање. (на пример: користење со празен сад)
- порака за грешка, садот за готвење не е погоден или е премал, или пак нема поставено сад на зоната за готвење.
•Одржување на топлина : Користете ја оваа функција за одржување на топлината на зготвената храна. (На екранот ќе се прикаже " ".)
•Автоматско загревање : Користете ја оваа функција за загревање со највисоко ниво на јачина во одреден временски период. (На екранот ќе се прикаже " ".)
По завршувањето, зоната за готвење автоматски ќе се намали на пониско ниво на јачина.
Никогаш не оставајте ја плотната без надзор додека ја користите. Ова може да предизвика
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ пожар.
•Копче за комплетна зона со премостување : Користете ја оваа функција за проширување на зоната за готвење на комплетната десна страна.
18_ делови и функции