с

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на инсталирањето

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификуван сервисер за плотни, обучен од производителот. Ве молиме погледнете го делот “Инсталирање на плотната”.

Приклучете го кабелот за напојување во соодветен ѕиден штекер и тој штекер употребувајте го единствено за овој уред. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Освен тоа, немојте да користите продолжителен кабел.

-Доколку не се придржувате кон ова и ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.

-Не користете електричен трансформатор. Тоа може да предизвика електричен удар или пожар.

Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за сервисирање.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.

По инсталирањето, потребно е да бидете во можност да го исклучите уредот.

Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап до приклучокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување инсталација.

Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или запалив материјал.

Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место, или на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).

Немојте да го инсталирате овој уред на место на кое е можно да истекува гас. - Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.

Апаратот мора да биде правилно заземјен.

Немојте да го заземјувате апаратот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска линија.

-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

-Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните прописи.

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при инсталирањето

Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.

Инсталирајте го уредот на рамна и тврда површина која може да ја издржи неговата тежина.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненормални вибрации, шум или проблеми со производот.

Инсталирајте го уредот со задржување на соодветно растојание од ѕидот.

- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар заради прегревање.

Запазете ја минималната височина на неопходен слободен простор над горната површина од плотната.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на електриката

Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.

-Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

мерки за безбедност _5

мерки за безбедно т

CTN464KC01_BOL_DG68-00454A-02_MK_121129.indd 5

2012-11-29 �� 5:21:09

Page 41
Image 41
Samsung CTN464KC01/BOL manual Внимание Мерки на претпазливост при инсталирањето, Апаратот мора да биде правилно заземјен