користење на упатството

Ви благодариме што купивте рерна за вградување од SAMSUNG.

Ова упатство за користење содржи важни информации околу безбедноста и помошните инструкции кои се однесуваат на употребата и одржувањето на вашиот уред.

Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го прочитате упатството и да го задржите за користење во иднина.

Во текстот од упатството се користат следните симболи:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ или ВНИМАНИЕ

Важно

Забелешка

мерки за безбедност

Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши инсталацијата е одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните безбедносни препораки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален кабел кој може да го набавите од производителот или од овластениот сервисер. (само модели со фиксно поврзување)

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации. (само модели со кабел за напојување)

По инсталирањето, потребно е да бидете во можност да го исклучите уредот. Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап до приклучокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување инсталација.

2_користење на упатството

NV6342AGSSR_OL_DG68-00510A_MK.indd 2

11/03/2013 17:56:51

Page 22
Image 22
Samsung NV6342AGSSR/OL manual Користење на упатството, Мерки за безбедност, Предупредување или Внимание Важно Забелешка