Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.

Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Важни информации за гаранцијата во врска со телевизискиот формат на гледање

1.Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C (MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.

2.DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич), VOD (видео по потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.

3.Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.

4.Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.

5.Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со некои даватели на кабелски услуги.

6.За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.

Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави. Проверете ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на Samsung, за да дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.

Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична и електронска опрема)

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на отпадоци)

Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторното користење на материјалите. Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на батерии)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

EnglishМакедонски

Македонски - 3

Page 135
Image 135
Samsung UE58J5000AWXXH, UE58J5000AWXZF, UE58J5002AKXXH manual EnglishМакедонски