Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа може да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во вклучениот безбедносен леток. За дополнителна стабилност, поставете го безбедносниот систем против паѓање, според следното упатство.

За да избегнете паѓање на телевизорот

1.Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите дополнително.

2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно стегнете ги завртките на телевизорот.

Спецификации за завртките

•• За големина од 58 инчи: M8

3.Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и

прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и потоа силно затегнете ја жицата.

ЗАБЕЛЕШКА

•• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.

•• Безбедно е да ја поврзете жицата така што

Ѕид

 

прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.

•• Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

4.Проверете дали сите поврзувања се безбедни. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.

Македонски - 16

Page 148
Image 148
Samsung UE58J5000AWXZF manual Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид, За да избегнете паѓање на телевизорот, Ѕид