Користење на контролното копче на телевизорот (копче на панелот)

Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на задната десна страна на телевизорот, ви овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.

Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.

Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.

Со притиснување на контролното копче подолго од 1 секунда може да излезете од менито.

При користење на контролното копче во насоките нагоре/надолу/лево/десно, внимавајте да не го притиснете контролното копче навнатре. Ако го притиснете контролното копче навнатре, тоа нема да се придвижи во насоките нагоре/надолу/лево/десно.

Избирање на функцијата Media Play

Избирање на функцијата Мени

Врати

Исклучи

Мени за функции

Избирање на Извор

Контролно копче на телевизорот

Сликата е нацртана гледајќи ја предната страна на телевизорот.

Сензор за далечинскиот управувач

Режим на подготвеност

Не оставајте го вашиот телевизор подолг период во режим на подготвеност (на пример, додека сте на одмор). Иако копчето за напојување е исклучено, телевизорот користи мало количество на електрична енергија. Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.

Почетно поставување

При првото вклучување на телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат серија на прозорци за потврда на екранот. Притиснете го копчето POWERP. Постав. е достапно само кога изворот е поставен на ТВ.

Ако поврзете некој уред во HDMI IN 1(STB) приклучокот пред да започне инсталацијата, функцијата Извор на канал автоматски ќе се промени во Сет-топ кутија. Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.

Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција...

Изберете Систем - Постав. (почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададената лозинка е “0-0-0-0”. Ако сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата Измени PIN.

Потребно е повторно да извршите Постав. (MENU Систем) во домот, дури и ако веќе сте го направиле тоа во продавницата.

Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата од далечинскиот управувач по следниот редослед во режим на подготвеност, по што PIN кодот ќе се ресетира на “0-0-0-0” : MUTE 8 2 4

POWER (вклучување).

Македонски - 6

Page 138
Image 138
Samsung UE58J5000AWXXH manual Почетно поставување, Режим на подготвеност, Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција