
Подготовка
При употреба
•Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето за да ја кревате или носите правосмукалката.
•Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете го прекинувачот за напојување пред да го извадите кабелот.
•Не ја употребувајте надвор, на влажен тепих или на влажни површини.
•Овој производ не треба да се користи на отворен простор, бидејќи е дизајниран само за употреба во домаќинствата.
❇❇Чистење на отворен простор: Камен, цемент
❇❇Соба за билјард: Прав од креда
❇❇Асептична просторија во болница
•Немојте да ја користите правосмукалката за вшмукување течности (како вода), сечила, игли или жар.
•Внимавајте децата да не ја допираат правосмукалката додека ја користите.
•Не ставајте ништо врз надворешното куќиште и избегнувајте какви било физички удари врз него.
•Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
6Македонски