одготовкаП

Важни безбедносни инструкции

При употреба на електричен апарат, придржувајте се кон основните мерки за претпазливост, во кои спаѓаат:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Оваа правосмукалка е дизајнирана само за употреба во домаќинствата. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.

Секогаш поставувајте ги филтрите во правилна положба, како што е прикажано во ова упатство.

Доколку не се придржувате до овие правила, можно е да предизвикате оштетување на внатрешните делови и да ја поништите гаранцијата.

Ве молиме обратете се кај производителот или сервисерот за замена на делот.Општо

Внимателно прочитајте ги сите инструкции. Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како напонот назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.

Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им се заканува. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат уредот или да изведуваат корисничко одржување без надзор.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор.

4Македонски