Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат деловите на апаратот.

Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.

Немојте да ја користите правосмукалката без соодветно да ги поставите вреќичката за прав и филтрите.

Не употребувајте користени, деформирани или оштетени филтри. Ставете го филтерот правилно.

––Тоа може да предизвика навлегување на прав и честички во моторот.

Во случај на протекување на гас или при користење на запаливи спрејови како средства за отстранување прав, не допирајте го електричниот приклучок и отворете ги прозорците за да ја проветрите просторијата.

––Постои ризик од експлозија или пожар.

Немојте да ја користите оваа правосмукалка за чистење градежни отпадоци и остатоци и тонер за ласерски печатачи. Чистете ги филтрите редовно за да спречите насобирање на ситна прав во нив.

Препорачливо е да вшмукувате само мали количества на освежувачи или средства за хемиско чистење на килими, остатоци во прав и ситна прав, како брашно.

Треба многу да внимавате кога чистите скали.

Не употребувајте ја за вшмукување вода.

Не потопувајте ја во вода при чистењето.

Проверувајте го цревото редовно, бидејќи не смее да се користи доколку е оштетено.

Држете го приклучокот за напојување кога го намотувате кабелот на макарата. Не дозволувајте приклучокот за напојување да се движи слободно при намотувањето.

одготовкаП

Македонски 7